ОБСЕ со 500 набљудувачи ќе ги следи изборите во САД
Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) има намера да испрати 500 меѓународни набљудувачи за следење на претседателските избори во САД, во ноември, јавија денеска британските медиуми, забележувајќи дека бројката на набљудувачи е десеткратно поголема од онаа за изборите во 2012 година.
На изборите во САД ќе бидат испратени набљудувачи од организации за меѓународна безбедност и за заштита на правата од вкупно 57 држави учеснички во ОБСЕ, наведуваат британските медиуми.
Коалицијата од над 200 американски групи за заштита на граѓанските права со писмо ја повика ОБСЕ да испрати дури и повеќе од 500 набљудувачи, колку што ОБСЕ побара врз основа на проценката што ја спроведе во мај.
Со писмото ОБСЕ се повикува да ги фокусира своите ресурси на осум држави во кои, како што се наведува, има поголема веројатност да дојде до обиди за застрашување, вклучувајќи ги Пенсилванија и Северна Каролина, каде на 8 ноември се очекува тесна изборна трка меѓу претседателските кандидати Хилари Клинтон и Доналда Трамп.
Ново на Сител
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред
-
Четири лица, од кои двe малолетни, фатени на дело при обид за кражба во Куманово
-
Илон Маск ја продаде својата компанија „Х“ на друга своја компанија