ОБСЕ/ОДИХР го почна мониторингот на референдумскиот процес, ќе испрати 270 набљудувачи

Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОБСЕ/ОДИХР) денеска на прес-конференција формално го означи почетокот на мисијата за набљудување на референдумот што ќе се одржи на 30 септември.
- Имаме јасен мандат, непристрасно ќе го набљудуваме целиот процес на референдумот, нема да се вмешуваме во референдумскиот процес. Нас не не интересираат резултатите од референдумот, туку интегритетот на самиот процес, изјави на прес-конференција шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Јан Петерсен.
Тој истакна дека мисијата ќе се состои од клучен тим од 13 експерти со седиште во Скопје и 20 долгорочни набљудувачи кои ќе бидат распоредени низ земјата во мултинационални тимови од по двајца од 5 септември. Додаде дека покрај ова, ОДИХР ќе побара од членки на ОБСЕ да обезбедат 250 краткорочни набљудувачи кои ќе пристигнат неколку дена пред референдумот.
Клучниот тим набљудувачи ќе има претставници од САД, Норвешка, Русија, Романија, Франција, Словачка, Бугарија... Сите набљудувачи на ОБСЕ што ќе го следат референдумот во Македонија ќе бидат објавени наредната година веб-страницата на ОБСЕ.
- Мисијата ќе го оцени референдумот во однос на усогласеноста со обврските што произлегуваат од членството во ОБСЕ и други меѓународни обврски и стандарди, како и со националното законодавство, посочи Петерсен, додавајќи оти како дел од набљудувањето мисијата исто така ќе го следи и медиумското покривање на кампањата.
Истакна дека мисијата во текот на набљудувањето ќе се сретне со претставници на државните власти, политичките партии, граѓанското општество, медиумите и меѓународната заедница.
Додаде дека еден ден пред референдумот мала делегација на Европскиот парламент ќе се приклучи кон набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР.
- Мисијата ќе објави преоден извештај во текот на својата работа. На денот по референдумот на прес-конференција ќе биде објавена изјава за прелиминарни наоди и заклучоци. ОДИХР ќе издаде конечен извештај за набљудувањето приближно два месеци по завршување на референдумот, рече Петерен.
Повтори и дека мисијата на ОДИХР за набљудување на референдумот делува одделно и независно од мисијата на ОБСЕ во Скопје и двете мисии согласно своите мандати.
Ново на Сител
-

Трамп: Егзекуцијата на Нидал Хасан нема да биде емитувана во живо
-

Новиот Луна парк во Скопје треба да биде готов до крајот на 2027 година
-

Истрага против 20-годишник за компјутерска измама, злоупотреба на лични податоци и детска порнографија
-

Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“ во изминатото деноноќие
-

Хориха од денес дел од македонската ракометна репрезентација
-

Маск повторно го повика Зеленски да се повлече од претседателската функција
-

Дожд се очекува утре, потоа следуваат сончеви денови
-

ФБИ со честитки до МВР за успешната акција против меѓународниот сајбер-криминал!
