Обука на стручен кадар за поддршка на деца со тешкотии во учењето
Сојузот на дефектолози на Република Македонија во соработка со Општина Струмица ја организира обуката „Пристап и поддршка на децата со тешкотии во учењето предизвикани од дислексија, дисграфија и дисклакулија“.
На предавањата беа опфатени 30 дефектолози, логопеди, педагози, психолози и наставници од редовното образование во Струмица. Велат дека тие како стручни работници, но и Државниот просветен инспекторат, нотирал аларманти бројки на вакви проблеми кај децата.
- И во минатото имало вакви нарушувања, во секое одделение и средина имало деца со потешкотии. Денес се повеќе идентификувани, мутирани, но се повеќе се раѓаат деца со предиспозиции за вакви проблеми. Од невролопшко-биолошки аспект, ваквиот број е доста голем. Ова е нотирано на ниво на општина, но и Државниот просветен инспекторат го има детектирано како алармантен проблем. Овие кадри се обучени со стандардизирани инструменти за да ги детектираат овие ученици во нивните училишта, изјави Спасе Додев, дефектолог.
Овие деца ги имаат сите интелектуални предиспозиции за развој како нивните врсници, само им треба соодветен пристап и методи на работа, а не прекорување или казнување со слаби оценки.
Дефектолозите најавуваат почеток на истражување кое треба да ја покаже точната статистика за децата со дислексија, односно проблеми при читањето, дисграфија - поврзана со проблеми со пишувањето и дискалкулија - поврзана со проблеми при сметањето, по возраст, пол и други статистички параметри.
Ново на Сител
-
Обновата на Газа ќе чини повеќе од 53 милијарди долари
-
Запленети 4,5 кг кокаин во Скопје - приведени две лица | ФОТО
-
Паника во Измир, морето се повлече повеќе од 200 метри
-
Владата ги ограничува маржите во трговијата на мало и трговијата на големо
-
Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Маж оштетувал надгробни плочи на гробиштата во Ѓорче Петров
-
Кремљ: Голем дел од Украина сака да биде руски, што одговара на изјавите на Трамп
-
Пријавил кражба, а украдените предмети всушност ги дал на друго лице - пријава за „лажно пријавување на кривично дело“