-->
-->
Обука за финансирање на политичките партии и изборни кампањи
-->
Преку 20 претставници од политички партии, министерства и невладини организации учествуваа на обука за унапредување на финансиското работење на политичките партии организирана во рамките на проектот финансиран од ЕУ „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“.
Целта на обуката е спречување можна корупција и злоупотреба на средства како во редовното рабоење на партиите така и за време на предизборни кампањи.
Изабела Тутак, експерт во рамките на проектот истакна дека политичките партии мораат да бидат транспарентни во нивното финансиско работење до најголема можна мера за да можат да изградат имиџ во јавноста дека работат согласно со законите и дека не поддржуваат никаков вид корупција или злоупотреба на моќ.
- Би ги охрабрила политичките партии да работат за доброто на граѓаните преку поддржување на општите залагања за борба против корупцијата и злоупотребата на службената положба и преку применување на европските стандарди во финансирањето на политичките партии и изборните кампањи, додаде Тутак.
Обуката се одржа во рамките на ИПА Твининг проектот Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата што го финансира ЕУ, а заеднички го спроведуваат Сојузната служба за администрација на Германија и Државната комисија за спречување корупција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Силјановска Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Ново поскапување на лебот ако се зголеми цената на струјата
-
Дали само итни пациенти се снимале на Институтот за радиологија поради технички проблем во петокот?
-
Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата
-
Никако да се стави крај на нелојалната конкуренција
-
Стандардот, лошото здравство и образование и партизација, основни причини за иселувањето
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ