Обука за заштита од пожари на ЈП „Македонски шуми“
Раководители на подружниците на ЈП „Македонски шуми“ учествуваа на третата обука за заштита од пожари што се одржа во Струмица. Целта е, како што изјавија, да се подготват оперативни планови за превенција од пожари во шумските појаси со кои менаџира јавното претпријатие.
- Преку директна комуникација одговорните лица може да направат поквалитетни оперативни планови. Размената на искуство и меѓусебната соработка се битни за поефикасно работење и подигнување на квалитетот, вели Горан Стојковски од ЈП „Македонски шуми“.
Според струмичката подружница „Беласица“, во тек е екипирањето и опремувањето на кадарот за заштита од пожари.
- Шумочуварската служба е целосно опремена. Сега тече набавката на ХТЗ за сите вработени, како и на специјална опрема за вработените кои евентуално би учествувале во гасење на пожарот. Имаме лошо искуство кога во шумски пожар пред неколку години загинаа вработени. Се надеваме дека тоа нема да се повтори, а преку овие работилници ќе извлечеме позитивни заклучоци, рече Кире Михаилов, раководител на ПШС „Беласица“, Струмица.
Ново на Сител
-
Николоски најавува влез на нови странски инвестиции
-
35 апликации од општините за финансирање проекти од државниот буџет
-
Дел од помладите не знаат за спомен обележјата во градот
-
Расте интересот за младински волонтеризам во Црвениот крст во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април