-->
-->
Oбуки во рамки на проект за зголемување на стапката на преживување на предвремено родените бебиња
-->
Зголемување на стапката на преживување на предвремено родените бебиња, е целта на проектот ПериМак во рамки на кој денеска во Скопје почнуваат обуки во кои ќе учествуваат повеќе од 250 македонски гинеколози, акушери, педијатри, неонатолози, интензивисти, како и медицински сестри.
Во обуките се вклучени лекари и професори од Амстердам и ќе се одржуваат од вторник до сабота во хотелот „Александар Палас“ во Скопје и во Министерство за здравство.
Проектот е партнерство меѓу Министерството за здравство, Проект ХОПЕ Македонија и Проект ХОПЕ Германија и во него досега се вклучени Специјална болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“- Чаир и ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
6 лица повредени во сообраќајка кај Дебарца
-
Седница на собранието
-
СДСМ: Владата да најде лекови за Онкологија
-
ДУИ: Граѓаните плаќаат за министрите на Вреди да се шетаат
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се извини за Груби
-
ДКСК на второ место согласно Извештајот за транспарентноста на државните институции за 2024
-
Прилепското обвинителство чека извештај од полицијата за повредениот ученик
-
Тошковски: Се собираат дополнителни докази за бегството на Артан Груби