Бизнис
21. August 2017 - 15:33

Обуки за стекнување вештини за вработување во Струмица

Дванаесет невработени лица, активни баратели на работа денеска се дел од првата обука за стекнување вешини за самовработување што се спроведува преку проектот на ИПА програмата во соработка со Агенцијата за вработува, подрачна единица Струмица.

Кандидатите се запознаваат со основните вештини потребни при процесот за барање работа, со цел, како што велат организаторите, да им се зголеми самодовербата и да им се зголемат знаењата.

- Тука во овие два дена ќе им помогнеме на кандидатите како да се постават при барањето работа. Како да препознаат добро од лошо работно место, како да се постават на интервју при самото барање работа, и како да се подготват за пишување кратка биографија, пропратно писмо, собирање препораки, објасни Игор Николов, тренер-едукатор на проектот.

Кандидатите се поделени во две групи. Првата која посетува дводневна обука, и наредната група која ќе се едуцура четири дена.

- Првата група се кандидати кои од Агенцијата се оценети како лесно вработливи, со високо образование и со одредени познавања во делот на вештините за вработување, затоа и обуката ќе трае два дена. Во втората група, ќе влезат кандидати кои се потешко вработливи, со основно или со средно образование, а кои се активни баратели на работа, затоа ќе ни требаат и четири дена за да им помогнеме во совладување на вештините, додаде Николов.

Програмата ќе се спроведи низ сите градови на Македонија, а опфатени ќе бидат околу 1.400 кандидати. По завршувањето на обуката, кандидатите добиваат сертификат и лично портфолио. Проектот се реализира преку програмата Хјуман ресурсис на ЕУ.