Обвинетиот ексградоначалник Тони Трајковски презентира докази во случајот „ТНТ“
Со изведување докази, предложени од одбраната, во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски.
Станува збор за околу стотина материјални докази, меѓу кои и измени и дополнувања на ДУП за Керамидница во Општина Гази Баба, планска документација и извештаи.
Во случајот „ТНТ“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, спроведен од притвор, како и поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски.
Процесот го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми од СЈО.
Доказите ги презентира обвинетиот Тони Трајковски.
Оштетениот Фијат Цаноски на претходно рочиште најави дека ќе бара отштета во висина од 40 милиони евра, колку што ја цени направената штета.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец