-->
-->
Обвинетиот Митрески за „27 април“: Бевме изманипулирани од идејата за т.н. “Тиранска платформа”
-->
Обвинетиот Никола Митрески-Кољо во завршните зборови на судењето за настаните во Собранието на 27 април 2017 година, рече дека жали за случувањата и им се извини на сите присутни пратеници, граѓани и новинари од 27 април.
– Јавноста да знае дека ние бевме изманипулирани од идејата за така наречената “Тиранска платформа” предводена од организаторите политичари, истакна Кољо.
За влезот во Собранието, Кољо рече дека стои зад секоја негова грешка и призна дека тој ја скршил стаклената врата, а не обвинетиот Леви.
Митревски, како и претходните обвинети се осврна на сведочењста на браќата Михаил и Стефан Младеновски, за кои посочи дека има нелогичности и дека тоа може да се докаже со листинзите од мобилните за неговото движење на 27 април.
– Кога Стефан сведочеше на паузата во тоалетите на судот Стефан ме повлече и ми рече „не сум под заклетва, сега бев кај судијката која ми понуди заштита од закани”, рече Кољо.
За завршен збор на судењето за „27 април“ останува уште обвинетиот Александар Василевски-Нинџа.
Претходно денеска завршен збор дадоа обвинетиот Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски. Судскиот процес започна во август минатата година и го води Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска. Процесот започна против 33 обвинети, но согласно Законот за амнестија помилувани беа вкупно 15 лица.
На обвинителна клупа останаа Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Оливер Радулов, Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски, кои се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Тема на денот со воениот аналитичар Милан Стефаноски
-
Наместо во подземни контејнери штипјани сметот го одлагаат врз нив
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Силјановска Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Ново поскапување на лебот ако се зголеми цената на струјата
-
Дали само итни пациенти се снимале на Институтот за радиологија поради технички проблем во петокот?
-
Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата