Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова повикана во Обвинителството за сведок во „Рекет“
Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“ на СЈО, е повикана на сослушување во Јавното обвинителство за случајот „Рекет“, потврди за МИА Јавниот обвинител Љубомир Јовески.
Стефанова вчера беше спомената во снимените разговори што ги објавува интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“.
Таа во писмена изјава го отфрли како невистинито искажаното од Јордан Камчев во снимката и оцени дека целта е да ја дискредитира како обвинител.
– Целосно е невистинито искажувањето на осомничениот Јордан Камчев во објавената снимка во која си дозволил да го употреби моето име. Сметам дека целта на ова изнесување е да ме дискредитира како обвинител, кој ја води постапката против него, особено што го снимал разговорот со лицето Бојан Јовановски, наведува во изјавата објавена вчера на веб страницата на ЈОНСК, во која наведува дека како предметен обвинител за предметот „Империја“, кој засега е во центарот на вниманието и околу кој кружат голем број шпекулации, смета дека неопходно е во јавноста да изнесе одредени информации, токму во насока на спречување на таквите шпекулации.
Истрагата за „Рекет“ во Јавното обвинителство ја води шефицата на организиран криминал Вилма Рускоска.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам