Обвинителството ќе ги проверува сертификатите на директорот на АНБ
Додека опозцијата и понатаму тврди ДЕКА Христовски не ги исполнил законските услови за директор, премиерот Мицкоски вчера во Собранието прикажа десетина сертификати за странски јазик на поранешни директори од СДСМ кои биле посомнителни од тој на Христовски.
Јавните обвинители ќе проверуваат дали новоименуваниот директор на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски ги исполнил законските услови за да стане прв човек на тајната служба.
„До Основното јавно обвинителство Скопје се доставени две анонимна кривични пријави со исти наводи, и тие се споени во еден предмет кој е распореден кај јавен обвинител и по кои се постапува“, се вели во одговорот од Обвинителството.
Иако од таму не откриваат што точно стои во предметот против Христовски, за неговото именување опозциската СДСМ регираше по два основи. Филипче вчера на пратенички праша вадеше документи дека директорот на АНБ немал доволно работен стаж.
„Документи доставени до нас од свиркачи покажуваат дека Бојан Христовски нема вкупно 5 години стаж на раководна позиција, што е законски услов за да може да биде директор на АНБ“, реагираат и денеска од СДСМ.
Втората забелешка на опозицијата беше дека Христовски доставил наводно лажен ТОЕФЕЛ сертификат за англиски јазик, изаден од Јулија Ко – школа за странски јазици од Пловдив - Бугарија. Во биографијата на директорот стои дека тој сертификатот го добил во март 2022 година.
На официјална страница за ТОЕФЕЛ сертификати оваа школа не стои во лиценцирани институции во кои се полага за меѓународниот сертификат. Фирмата Јулија Ко повеќе не постои во Пловдив, а сопственичката наводно работи во Грција. Во овој бугарски град во моментов ТОЕФЕЛ сертификат изадава друга институција. Она што најмногу е спорно за опозицијата е дека во Македонија веќе имало пресуди дека сертификатите на ова училиште за странски јазици биле лажни.
Владата на седница на 16 октомври го разреши дотогашниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Зарко Милошевски и на негово место го назначи Бојан Христовски. По забележшките дека се работи за партиски човек на ВМРО-ДПМНЕ и дека не ги исполнува условите за директор на контраразузнавањето премиерот Мицкоски рече дека ќе ги чека одговорите од надлежните иснституции, по што Антикорупциската комисија отвори предмет.
Премиерот, вчера во Собранието, токму во одговор на Филипче за Христовски пак, покажа десетина сертификати за англиски јазик на поранешни директори на СДСМ кои биле сомнителни, и го повика министерот за внатрешни Тошковски да се позанимава со нив. Мицкоски побара да не се прави, како што рече, театар од национална безбедност.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар