Македонија
16. July 2024 - 16:43

Обвинителството ќе истражува дали ЈСП пушта да возат расипани автобуси

Обвинителството ќе ја истражува сообраќајката во која возач на автобус на ЈСП изгуби контрола и удри во жардиниера. Ангажирано е вешто лице од областа на машинството во чие присуство ќе се изврши проверка на исправноста на автобусот. Ова следи откако возачот плачејќи кажа дека иако пријавил дефект на возилото, никој не го поправил.

Надлежниот јавен обвинител ќе ги испита и наводите што се изнесени преку јавно искажани изјави од учесници во настанот и од други лица со кои се укажува на незаконитости во работењето на ЈСП ‘Скопје’, во поглед на исправноста и одржувањето на автобусот со кој се случи незгодата“, велат од обвинителството.

Директорот на ЈСП, Драги Кушовски, ќе чека официјален извештај од институциите.

Направен е увид на автобусот што учествуваше во сообраќајната несреќа. Ние сме за да може обвинителството да си постапува како што треба, сите понатамошни постапки. Се додека немаме официјален став од МВР и од Обвинителството, сите исказни наведени во изминатиот период молам да се сфатат со резерва бидејќи повеќето од тие изјави се дадени тековниот или наредниот ден без материјални докази“ – Драги Кушовски, директор на ЈСП

Од ОЈО Скопје известија и дека е издадена наредба до МВР да обезбеди податоци и документација од ЈСП за одржувањето, сервисирањето и исправноста на автобусот, како и органзација на работниот процес.

Кушовски, пак, тврди дека автобусите се проверуваат секој ден.

Секојдневно се прават технички прегледи на автобусите. Досега бројката што е исклучена е минорна во бројот на автобусите. Исклучени се за некои несуштински недостатоци на самите автобуси“ – Драги Кушовски, директор на ЈСП

Незгодата се случи минатиот понеделник, а повредени беа возачот на автобусот и двајца патници.