Обвинителството во Тирана почна истрага за двете самоубиства на пациенти во болницата Ковид два
Обвинителство во Тирана почна истрага во врска со случаите на самоубство на двајца пациенти, кои животот си го одзеле со фрлање од болницата „Шефќет Ндроќи“, наречена болница Ковид два, јави дописничката на МИА од Тирана.
Истрагата почна по синоќешниот инцидент, кога 65-годишен пациент заразен со Ковид-19 се самоуби со фрлање од четвртиот кат на болницата. Првиот случај е од 13 август кога се самоуби 29- годишен пацинет од Драч, кој скокнал од третиот кат на болницата.
– Обвинителството почна истрага по обвинувањата за лекарска негрижа, за што постои запис од телефонски разговор, каде 65 – годишниот пациент на свој близок му се жали за она што го видел и доживеал во болницата и дека да знаел што го чека никогаш не би дошол, пренесува агенцијата Балкан веб.
На роднината му кажува дека телефонот го обезбедил од друго лице на кое за тоа му платил одредена сума пари и оти има само пет минути за разговор.
Топ чанел телевизија уште пренесува дека и двајцата пациенти биле во тешка психолошка состојба, што барало дополнителна грижа. Обвинителството веќе ги подигнало болничките картони на двајцата паценти и се води истрага како се третираат пацентите во оваа болница. Лекарите кои синоќа биле на должност дале изјави во полиција.
Во оваа и Инфективната клиника моментно хоспитализирани се 185 пациенти заразени со Ковид-19, при што 22 се на интензивна терапија, а осум се интубирани.
Ново на Сител
-
Сеизмолошка опсерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер
-
Земјотрес со јачина од 2,9 степени регистриран во околината на Ресен
-
Пелоси го обвинува Бајден за поразот на Харис и демократите
-
Млад манијак осомничен за полов напад на две девојки во Битола
-
Чешкиот претседател стравува дека договорот меѓу Трамп и Путин ќе биде на штета на Европа
-
Пуштање во употреба на хидросистемот „Ѓавато“
-
Состојба на патиштата
-
Српскиот премиер очекува уште оставки поради трагедијата во Нови Сад