-->
-->
Очаен татко не може да дојде при себе - "Кумот ми ја силуваше малолетната ќерка, едвај се воздржав да не го убијам"
-->

„Не ме прашувајте како сум! Се трудам да останам нормален поради се што ми се случи, но не знам како ќе продолжам понатаму... Ќерка ми се уште не сум ја видел“, изјави Милорад за српски Курир.
Очајниот татко не може да дојде при себе кога го видел својот кум Милутин како ја силува неговата ќерка.
„Тој човек ме венча и ми ја крсти ќерка ми. Никогаш помеѓу нас немало лоши зборови. Никогаш не сум се сомневал дека нешто лошо може да му направи на моето дете. Се уште сум во шок. Не знам како преживеав“, раскажува таткото и додава дека кумот бил поврзан со неговата ќерка, но не се сомневал дека меѓу нив нешто се случувало.
Според неговите зборови кумот во саботата бил кај нив. Милорад отишол до продавница да купи пива, па кога се врати го затекна кумот и неговата ќерка на гарнитурата.
„Беа до половина покриени со ќебето, нејзината глава била на неговиот стомак. Според нивното однесување сфатив за што станува збор. Тие не ме забележаа кога излегов од куќата. Ја повикав поранешната сопруга и се и кажав. За брзо детето и кумот излегоа од куќата“, изјави Милорад.
Инаку очајниот татко се кае што во тој момент се воздржал што не го убил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Голем ризик за пожари на отворен простор и шумски пожари
-

Втор ден гори депонијата во Крива Паланка
-

Жештините ја зголемија потрошувачката на струја
-

Му го пресекол патот па избегал, ОЈО бара мерки на претпазливост за сообраќајката во Радишани
-

Зголемен број на повредени во сообраќајќи и скршеници поради колабирања бележат во Ургентен на Клинички
-

Подобрена е состојбата на повредениот пациент во Турција кој вчера беше транспортиран на Клинички
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
