-->
-->
Очекуван и убедлив триумф на Металург над Динамо Панчево
-->
Ракометарите на Металург ја оправдаа улогата на фаворит и убедливо го совладаа Динамо од Панчево во меч 11.коло на регионалната СЕХА лига.
На средбата одиграна попладнево во СЦ „Борис Трајковски“, македонскиот вицепрвак Металург го совлада српскиот Динамо Панчево со осум гола разлика 33-25.
Победата ракометарите на Металург ја најавија уште во првото полувреме кое го добија со девет гола разлика 22-13, па вториот дел за избраниците на тренерот Александар Јовиќ беше само чиста формалност.
Халил Јагањац со 10 гола беше најефикасниот ракометар во редовите на макеоднскиот вицепрвак, за кој Филип Кузмановски постигна 7 гола.
За Металург ова е четвртата победа во СЕХА лигата, а со новите три бода, вкупно 12, тимот од Автокоманда се проби на 6.место на табелата, пред словенечкиот тим Гореље Велеље кој утре ќе биде домаќин на Вардар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Светските лидери пристигнуваат на идниот самит во рамките на Генералното собрание на ОН
-
Николовски: Цариниците ќе добијат 60 боди камери од САД
-
Пронајдена дрога при претрес во дом на 40 годишен жител на Штип
-
Почнува есента
-
Неверојатни сцени на Вембли - Дубоа го нокаутираше Џошуа | ВИДЕО
-
Трамп смета дека е предоцна за уште едно телевизиско соочување со Харис
-
Следната недела во Њујорк самит за успорување на климатските промени
-
Про-ирански групи во Ирак презедоа одговорност за напад со беспилотно летало врз Израел