Од 1 јули во Швајцарија ќе може да се склучуваат истополови бракови

Истополовите бракови во Швајцарија ќе може да се склучуваат од 1 јули следната година, соопшти денеска владата на таа земја.
Одлуката беше донесена откако на референдумот, одржан на 26 септември, со големо мнозинство се изгласа истополовите бракови да бидат законски еднакви на хетеросексуалните бракови, вклучително и правото на посвојување деца.
Најавено е дека од тој датум, Швајцарија ќе ги признае истополовите бракови склучени во други земји, кои досега ги третираше како граѓански партнерства.
Владата најави дека од 1 јули повеќе нема да може да се склучуваат граѓански партнерства, а на паровите кои веќе се во такви заедници, кои државата ги легализираше во 2007 година, им е дозволено да останат во нив без обврска за брак.
Стапувањето на сила на референдумските одлуки е одложено поради административни и законски процедури.
Швајцарија е една од ретките земји во Западна Европа каде истополовите бракови сè уште не се легализирани.
Ново на Сител
-

Крмзов и обвинетите не се чувствуваат виновни, одбраната тврди: Обвинението е неосновано, нема штета врз буџетот
-

Реконструирани шест од предвидените десет хируршки сали на Клинички
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотека Пулс
-

Во употреба пуштени реконструираните операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
-

Регулаторна попладнево ќе ги објави новите цени на горивата
-

Судење на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов
-

Текстилната индустрија полека згаснува
