-->
-->
Од 1 октомври покачување на пензиите, следното зголемување напролет
-->

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека пензиите ќе се зголемат од 1 октомври.
Како што истакна Мицкоски по посетата на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, следното покачување ќе биде напролет.
- Од 1 октомври е првичната корекција на пензиите, линеарното зголемување, а потоа ќе има и напролет. Со тоа ќе се заокружи инвестицискиот циклус и зголемувањето на пензиите линеарно во вкупен износ од 7 000 по пензионер што ги надминува оние 5 000 што ги зборувавме за време на кампањата, истакна премиерот, одговорајќи на новинарски прашања.
Мицкоски во посета на Клиниката беше заедно со министерот за здравство Азир Алиу и директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Индустријата бележи раст, но рударството останува најслабата алка
-

Преглед на вестите од светот
-

Пред стартот на гроздоберот, лозарите веќе стравуваат од слаба заработка
-

Неопходни се поригорозни казни за несовесните граѓани
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
