Од 110.000 на 50.652 – бројката на регистрирани сообраќајни прекршоци преполовена за еден ден

Системот „Безбеден град“ во првиот тест период за 24 часа на 1 декември регистрирал 110 илјади прекршоци, додека според информациите од МВР на 2 декември регистрирани се вкупно 50.652 прекршоци, што претставува преполовување на бројот на регистрирани прекршоци. Од нив 48.861 се прекршоци за брзина, 1.366 за црвено светло и 425 за нерегистрирани возила.
„Безбеден град“ за 12 часа во текот на вчерашниот ден регистрирал вкупно 22 600 нови прекршоци од кои речиси 95 проценти или 21 400 за возење побрзо од дозволената брзина. Најмногу 4 300 прекршоци за брзо возење се регистрирани на излез од Скопје кон Тетово, како и на булевар „Никола Карев “ - 3.000 прекршоци. Најголема брзина за која е регистриран прекршок во тест периодот е 209 километри на час.
Од МВР информираат дека камерите од системот „Безбеден град“ ги регистрираат само оние возила кои сториле сообраќаен прекршок, но не и вкупниот број на возила коишто се движеле по улиците во градот за време на тест периодот.
На прашање дали системот идентификувал “жешки точки“ на кои се регистрирани најмногу прекршоци за брзо возење или поминување на црвено светло, од МВР велат најбрзо се вози на излез од Скопје кон Тетово и на булевар „Никола Карев“, додека најмногу прекршоци за поминување на црвено се регистрирани на раскрсницата на улицата „Цветан Димов“ и улицата „Џон Кенеди“.
-Системот „Безбеден град“ во периодот од 02.12.2025 година од 00:00 до 12:00 часот има регистрирано најмногу прекршоци за возење побрзо од дозволената брзина на излез од Скопје кон Тетово каде се регистрирани 4.300 прекршоци како и на булевар „ Никола Карев “ каде се регистрирани 3.000 прекршоци за возење побрзо од дозволената брзина. Додека за поминување на црвено се регистрирани најмногу прекршоци на ул. „Цветан Димов“ и ул. „Џон Кенеди“ - 45 прекршоци, стои во одговорот од МВР.
Од МВР, исто така, информираат дека најмалата брзина за која е регистрирана казна во тест периодот е 51 км, додека најголема брзина за која е регистриран прекршок е 209 км на час.
МИА
Ново на Сител
-

Уставот и законите мора да се почитуваат, вели Мицкоски за барањата за полагање на правосуден испит на албански јазик
-

Бесплатни превентивни прегледи за жителите на Кисела Вода по повод Светскиот ден на здравјето
-

Подобрена состојбата со јавниот превоз, 180 автобуси сообраќаат на линиите, вели Ѓорѓиевски
-

Мицкоски: Со навремените мерки спречивме инфлацијата да биде двојно поголема
-

Од утре облачно и посвежо со повремен дожд, а на планините снег
-

Талентите на ФК Водно блеснаа во Шпанија, генерации 2013 и 2015 шампиони на “Овиедо Куп“
-

Речиси една петтина од француските бензински пумпи останаа без гориво
-

ДЗР: Низок процент на опфат на скрининзите за рак на дојка и матка
