Живот
17. March 2017 - 12:41

Од бездомник до врвен фраер: Кога се погледна во огледало, му се насолзија очите

Хозе Антонио (55) е шпански бездомник, а потоа преку ноќ стана интернет сензација.

Нему локалниот фризерски салон му понуди комплетна трансформација вклучувајќи шишање, бричење, фарбање и нова облека, па Хозе од бездомник стана фраер ипол.

Пред третманот имал долга неуредна побелена брада и мрсна коса која растела 25 години.

Едвај преживувал во Мајорка каде работел на нерегистриран паркинг како чувар за да може да собере доволно пари само за храна.