Од денеска аплицирање за зелена карта за САД

Сите заинтересирани граѓани од денеска, од 18 часот до 7 ноември годинава, до 18 часот, можат бесплатно да се пријавуваат на лотаријата за зелена карта за 2025 година.
Кандидатите може да се пријават на официјалната веб-страница на американскиот Стејт департмент https://dvprogram.state.gov/, на која има целосни инструкции.
- Им препорачуваме на кандидатите да аплицираат порано и лично да ги подготват и поднесат своите пријави. Кандидатите можат да побараат помош од страна на трето лице, кое ќе ја поднесе пријавата во нивно име, но за едно лице може да има само една апликација, стои во соопштението.
Секој кандидат е одговорен за своите податоци и дали поднесените информации во пријавата се потполни и точни. Внесување на неточни или нецелосни податоци може да доведе до дисквалификување на кандидатот дури и откако е извлечен како добитник.
Без разлика дали пријавата е поднесена лично или со помош на адвокат, пријател или роднина, секој кандидат може да поднесе само една лична пријава. Поднесувањето на повеќе лични пријави ќе доведе до дисквалификување од лотаријата.
Секој кандидат треба да ја испечати и зачува потврдната страница од пријавата по пополнувањето на апликацијата за да може да ја провери. Исто така, секој кандидат треба да го зачува својот единствен број барем до 30 септември 2025 година, без разлика дали е извлечен на почетокот. Овој број е единствениот начин преку кој може да се провери дали кандидатот е избран.
Кандидатите ќе можат да проверат дали се избрани преку програмата почнувајќи од 4 мај 2024 година.
Ново на Сител
-

СДСМ обвинува: Савески предложи обвинителка од „Тевтерчето“ на Мијалков
-

ВМРО-ДПМНЕ: ПР стратезите на Филипче му смислиле празен концепт за програма
-

Повредените со изгореници во „Пулс“ се лекуваат ласерски
-

Секој трет Македонец е гојазен
-

Откупната цена годинава на јагнето од 270 до 280 денари, сточарите бараа 300, си ги бараат и субвенциите за 2025 година
-

После 10 години Македонски шуми набави нова заштитна опрема за гасење пожари
-

Македонија ќе биде меѓу најпогодените од војната на Блискиот Исток, вели ЕБОР
-

Тема на денот со Раби Седрак, директор на институтот за меѓународни стратегиски и безбедносни студии
