Од денеска по 100 евра помош за сите млади во Србија
Во Србија од денеска почна исплатата на државната помош во висина од 100 евра која имаат право да ја земат сите млади на возраст од 16 до 29 години.
Како што информираа српските власти, исплатата ќе трае во наредните два дена.
Право да се пријават за државна помош имаа сите српски државјани на возраст од 16 до 29 години во рамки на акцијата „Да кликнеш од среќа“
Според податоците на српското министерство за финансии по 100 евра ќе легнат на сметките на 1.105.000 млади Срби како помош за справување со ковид пандемијата.
Во април и октомври минатата година српската влада префрли по 30 евра на сметките на сите полнолетни граѓани а во декември им исплати по 20 евра.
Пензионерите во септември лани добија по 50 евра на сметките а во декември уште дополнителни 20.
Помош од 60 евра во јуни минатата година беа префрлени на сметките на сите грѓаани кои се водат како невработени.
Награди имаше и за граѓаните кои се вакцинирале. Според објавените податоци, 2,5 милиони Срби кои се вакцинираа до 31 мај лани, добија по 25 евра на своите сметки.
За идната година во јануари се најавуваат по 90 евра помош за сите здравствени работници и исплата на 170 евра за сите пензионери во февруари.
Ново на Сител
-
Украина: Русија нема да престане додека не биде запрена
-
Трамп: Разговарав со Нетанјаху, се согласивме по сите прашања
-
Кривичен суд Скопје: Неосновано барањето за замена на мерката притвор со гаранција за Асмир Јахоски
-
Гори ѓубриште и трева кај поранешна Циглана – Драчево, информира ЦУК
-
Единаесет сообраќајни несреќи на патиштата низ истокот, за време на Велигденските празници
-
МЗШВ: Исплатени се 224.748.332 денари кон 7.826 лица за мерката 1.9 за остварено производство на овошје за 2024 година
-
Во Италија прогласена петдневна жалост
-
МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки