Од денеска поевтин роаминг меѓу земјите од Западен Балкан
Цените на услугите во роаминг помеѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ од денеска ќе се намалат за 27 отсто, а од јули 2021 година ќе бидат целосно укинати.
Динамиката на намалувањето на цените е согласно со Договорот потпишан на Вториот дигитален самит за Западен Балкан, како предуслов за почнување на постапката за укинување на роамингот кон Европската унија.
Истражувањето на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) спроведено од 24 до 31 минатиот месец покажува дека скоро петтина од испитаниците кои знаат што е роаминг слушнале за договорот за регионален роаминг, со којшто од 2014 година беа намалени цените помеѓу држвава, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. Кон таа регионална иницијатива минатата година се приклучија и Албанија и Косово. Од испитаниците кои слушнале за договорот 16 проценти ја користеле таа поволност. Половина од корисниците на регионален роаминг, пак, сметаат дека тој е незначително поевтин.
Според податоците на АЕК, во последните 12 месеци, 18 проценти од населението од државава користело роаминг. Повеќе од една четвртина (27 проценти) од корисниците на роаминг се информираат за цената за роаминг во соодветната земја. Роамингот најчесто се користи за испраќање на СМС пораки –78 проценти и за разговори 54,8 проценти, додека интернет во роаминг користеле само 18 проценти од корисниците на роаминг.
Истражувањата на СРС, оперативно тело на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа, покажуваат дека 70 отсто од стопанствениците од Југоисточна Европа сметаат дека укинувањето на цените на роамингот ќе им помогне во поттикнување на трговијата.
Поевтин роаминг се очекува и со Грција, што ќе се реализира откако ќе се обебзедат потребните услови за стапување во сила на Меморандумот за соработка помеѓу двете држави, за што макеоднската страна веќе достави предлог и динамика.
Ново на Сител
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
-

Недостигаат хотели со поголеми капацитет

