Македонија
30. May 2022 - 8:16

Од денеска повторно во функција сообраќајниот влез во Битола од правец на Ресен

Општина Битола информира дека заврши асфалтирањето на улицата „Довлеџик“, со што повторно во употреба е западниот сообраќаен влез во градот од Ресен.

Како што е познато викендов во Битола се асфалтираше улицата „Довлеџик“ на потегот од крстосницата со улицата „Големо Езеро“ до мостот на реката Драгор. Улицата ќе биде пуштена за сообраќај со што завршува обврската за влез во градот по обиколницата од страната на Прилеп.

– Со комплетната реализација на проектните активности предвидени за овој дел на градот кои опфаќаат и реконструкција на мостот, Битола ќе добие нов современ булеварски влез од страната на Ресен, соопштија од секторот за односи со јавност на Општина Битола.