Од денеска пријавување за „Водици 2017“

Заинтересираните граѓани за учество на манифестацијата „Водици 2017“ од денеска можат да се пријавуваат во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“. Потребно е да однесат лична карта, потврда од спортска медицина и пополнет купон за пријавување, објавен во весникот „Нова Македонија“.
Организатор на манифестацијата и годинава е весникот „Нова Македонија, каде ќе се објавуваат купони до 18 јануари. Манифестацијата ќе се одржи кај мостот „Слобода“ во близина на хотелот „Холидеј Ин“.
Големиот христијански празник Богојавление-Водици се празнува на 19 јануари, со положување осветен крст во водите на реката Вардар. Светиот крст точно на пладне во водите на реката Вардар во Скопје ќе го фрли архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан.
Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа и се верува дека тој што ќе го фати ќе го следи благослов и среќа цела година. Празникот се слави уште од вториот век и е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Овој празник се нарекува уште и Водици, заради големиот водосвет, што го извршува Црквата на овој ден.
Освен во Скопје, крстови ќе бидат положени и во водите низ останатите градови во државата.
Се верува дека со положувањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити. Со Водици завршуваат т.н. некрстени денови.
Богојавление (Водици) - 19 јануари, согласно Законот за празници на Република Македонија, е неработен ден за верниците од православна вероисповед.
Ново на Сител
-

Македонските ракометари во група со силни противници на Светското 2027
-

Вучиќ: Наскоро поднесувам оставка, размислувам за кандидатура за премиер
-

Сиљановска Давкова: Освен уставните измени, Бугарите имаат барања поврзани со работата на историската комисија
-

Трамп: Денеска повторно силно ќе го нападнеме Иран
-

Шампионот Вардар казнет парично поради пиротехника од ФФМ
-

Уапсен разбојник од битолско, влегол во туѓ дом, го нападнал сопственикот и му одзел личен предмет
-

ЈП Лајка: Токсичниот инсектицид ланате е отровот што деца го пронајдоа во близина на детско игралиште во Кисела Вода, утврди Институтот за судска медицина
-

Приведени 23 возачи за безобѕирно управување возило, 21 возеле без возачка дозвола
