-->
-->
Од денеска турнир во мал фудбал во Ѓ. Петров
-->

На 2 септември на мултифункционалното игралиште кај надвозникот во Ѓорче Петров, со почеток од 20 часот, четврти пат ќе започне традиционалниот турнир во мал фудбал во организација на здружението на граѓани „Ѓорче Петров-куп“, кој годинава првпат станува и меѓународен. На турнирот првпат ќе учествува и екипа од соседна Србија.
На турнирот се пријавени 20 екипи од целата држава, а судиите се распоредени од ФФМ. Наградниот фонд за првото место изнесува 120.000 денари, за второто 60.000 денари, за трето 30.000 денари, а за четвртото место 10.000 денари.
Генерален покровител на турнирот се Општината Ѓорче Петров и градоначалникот Сокол Митровски, а голема поддршка добива и од Советот на Општината.
Турнирот ќе го отвори градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Сокол Митровски. Со овој спортски настан започнува празнувањето на Општина Ѓорче Петров – 20 септември, која подготвува богата празнична програма.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Над еден милион патници влегле во Грција преку Евзони од почетокот на летото
-

Мисајловски: Храброста и пожртвуваноста на бранителите се траен аманет за идните генерации
-

Пронајдени марихуана и кокаин во Штип, приведени три лица | ФОТО
-

Истражување: За првпат повеќе момчиња отколку девојчиња сакаат да стапат во брак
-

ЦУК: Активни три пожари во земјава
-

Големо намалување на цените на дизелот и бензините од полноќ
-

Фабијани повеќе не е тренер на Вардар
-

СДСМ: Погрешено македонското знаме - нов срам, ново понижување од власта на Мицкоски
