Од денеска во Дебар Маало ќе се вози 30 километри на час
Со делење на флаери општина Центар денеска ги запозна граѓаните дека во Дебар Маало започнува проектот „Зона 30 – за безбеден Центар“, што предвидува ограничување за движење на возилата со брзина од 30 километри на час.
Како што соопшти општина Центар, ограничувањето на брзината на движење на возилата го опфаќа делот на општина Центар, ограничен со улиците булевар „Партизански Одреди“, улица „Франклин Рузвелт“, булевар „Илинден“ и булевар „Св. Климент Охридски“.
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски изјави дека овој проект добива на значење, особено по црната низа на сообраќајни несреќи и жртви. - Од денеска, Дебар Маало е ‘Зона 30’, зона на смирен сообраќај. Ги повикувам граѓаните да ги почитуваат новите поставени знаци“, рече тој.
На влезните и излезните улици на видни места низ Дебар Маало се поставени 25 сообраќајни знаци.
Ново на Сител
-
Малолетник се шетал со нож низ Чаир, полицијата го приведе
-
Приведено 33-годишно лице во Штип поради кражба
-
Градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ ќе поднесе оставка
-
Од утре дожд, на некои места пороен
-
Невреме и поплави во Италија
-
Во Битола пронајдено починато 46-годишно лице во куќа
-
Сиљановска-Давкова: Молкот го отвори патот за злото – мора да учиме од историјата
-
Српскиот премиер Вучевиќ ќе поднесе оставка