Од идната година „зелена нафта“, субвенциите 160 милиони евра

Земјоделците ќе добијат „зелена нафта“ од почетокот на наредната година. Процесот на нејзино обезбедување се заокружува, а ќе се реализира преку Платежната агенција за да се избегнат секакви злоупотреби.
Како што изјави денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски по отворањето на Годишниот министерски состанок во Струга, земјоделците ќе добијат „зелена нафта“ предвреме, ако се земе предвид за кога е проектирана оваа владина мерка.
Со оглед дека овој модел на поддршка е нов, се уште се тестира и наскоро ќе биде јавно презентиран.
-Направена е целосно методологијата врз основа на која земјоделските стопанства ќе добиваат „зелена нафта“. Со Платежната агенција се дефинираат процедурите, односно начинот како ќе биде достапна за земјоделците. Во наредните неколку недели заедно со вицепремиерот и премиерот, по затворање на отворените прашања во делот на моделот кој го тестираме бидејќи станува збор за сосема нова мерка која не постоеше досега, ќе го презентираме моделот пред граѓаните и пред земјоделците, рече Николовски.
Ќе се направат, дополни, и пресметки врз основа на апликантите за субвенции во 2019 година за да се проценат вкупните трошоци за кои ќе бидат одвоени дополнителни средства.
Одговорајќи на новинарски прашања, министерот информира дека догодина се предвидено ребрендирање на само во делот на земјоделското производство, туку на севкупната економија воопшто.
-Тоа е прашање кое ќе ја опфати целата економија. Ние сме целосно насочени да даваме континуирана, системска и целосна поддршка на земјоделците и нашиот фокус се нови мерки и политики кои прават раст во земјоделството. На секој можен начин ќе го подржуваме секоторот кој е особено значаен и е основа на македонската економија, подвлече Николовски.
Според него, во програмата на СДСМ вкупната поддршка за земјоделството е проектирана на 160 милиони евра.
– Ако детално се погледне Буџетот кој се донесува на земјоделството и руралниот развој во 2019 година, може да се нотира дека има зголемување на капиталните инвестиции. Буџетот за земјоделството постојано расте и се воведуваат нови мерки и политики кои се развојни и водат кон стабилизирање на секторот, но и негова развој, нагласи Николовски.
Ново на Сител
-

Славески на средба со заменик-генералниот директор на ММФ Бо Ли: Потврдена силна поддршка за независноста на централните банки
-

Заврши состанокот на Трамп со советниците за новата блокада на Ормуската теснина
-

Најстудено изутринава во Берово минус еден степен, највисока температура во Скопје и Велес - осум степени
-

Трамп: Иранците одиграа мала игра, но многу добри разговори се во тек
-

МВР и ТАВ Македонија: Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани
-

Папата Лав Четиринаесетти го ублажува спорот со Трамп, тврди дека наводите за неговите изјави се неточни
-

Сибиха: Зеленски е подготвен за средба со Путин
-

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие
