Од кога постои живот на Земјата?

Живите организми можеби постоеле на Земјата пред 4,1 милијарда години - 300 милиони години порано од што се сметаше претходно, покажа новото истражување. Ако откритието се потврди, тоа значи дека животот процветал за неверојатно кратко време, по формирањето на Земјата.
Истражувачите октрија докази за оваа претпоставка во атоми на графит заробен во стари кристали на циркон во Западна Аврстралија.
„Пред 20 години, тоа би било ерес. Доказите за постоење на живот во периодот од пред 3,8 милиони години би биле шокантни‟, вели Марк Харисон, еден од авторите на студиите и професор по геохемија на Универзитетот во Калифорнија.
„Животот на Земјата започнал речиси веднаш по нејзиното настанување‟.
Новото истражување покажува дека живот постоел пред „бомбардирањето“ на внатрешниот дел на Сончевиот систем, што создало кратери на Месечината пред 3,9 милијарда години. Атомите во графитот носеле особини со биолошко потекло. Биле збогатени со „лесен‟ јаглен изотоп, односно атомска низа која обично се поврзува со живи суштества. „Ако животот на Земјата е уништен во текот на бомбардирањата, тогаш брзо процветал‟, вели Патрик Боенке, еден од истражувачите и дипломец во Херисоновата лабораторија.
„Планетата многу повеќе потсетувала на денешната верзија, отколку што се сметало порано‟. Истражувачите, предводени од Елизабет Бел, проучуваа повеќе од 10.000 циркони формирани во магмата на Западна Австралија.
Ново на Сител
-

Искра Хаџи Василева е новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Тема на денот со Соња Трифуновска, заменик народен правобранител
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Обвинителите избираат нов шеф за организиран криминал и корупција
-

Граѓаните ќе можат да вадат документи преку телефон - промовирана е новата апликација М.услуги
-

Студентите бараат 200 денари за оброк
-

Ќе се пресметуваат ли платите по час? Договор би требало да има до март
