Од коронавирусот во светот заразени над 90.000 лица, досега починале 3.119
Си-Ен-Ен и порталот Ворлдметер во денешниот биланс за состојбата со коронавирусот наведуваат дека вкупниолт број на заразени во светот изнесува 90.032 лица, а бројот на починати 3.119.
Досега од заразата се излекувале вкупно 48.175 лица.
Бројот на заразени расте побрзо надвор отколку во Кина, земјата која беше примарно жариште на заразата.
Во Кина досега заболеле вкупно околу 80.200 лица, од кои во моментов има околу 30.000 активни случаи и 125 новозаболени.
Во Јужна Кореја вкупниот број на досега заразени изнесува малку помалку од 5.000, од кои 600 се нови случаи, 28 се починати и 4.812 се активни, пренесуваат британските медиуми.
Високиот американски здравствен претставник, Мајкл Адамс, апелираше до Американците да престанат да купуваат медицински маски бидејќи не се ефикасна заштита од ширење на заразата, но затоа се неопходни за медицинскиот персонал кои ги лекува заболените, пренесе Си-Ен-Ен.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата