-->
-->
Од Ковид-19 почина легендарниот голман Драган Пантелиќ
-->
Легендарниот југословенски голман Драган Пантелиќ почина денес на 69 годишна возраст како последица од коронавирус.
Пантелиќ беше хоспитализиран во болница во Ниш каде пред два дена му се влошила состојбата по што бил вклучен на респиратор, но не успеа да се избори со болеста.
Во кариерата бранеше за Раднички Ниш, Бордо и Тимок. Од 1979 до 1980 година беше дел од олимписката репрезентација на Југославија, а потоа пет години бранеше за сениорската репрезентација на СФРЈ.
Пантелиќ учествуваше на Светското првенство 1982 година во Шпанија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата