Од лидер до ментор: Flex Group Leadership Academy продолжува со вториот дел од програмата

Flex Group продолжува со вториот дел од својата осуммесечна програма ставајќи фокус врз развојот на лидерските и менаџерските капацитети преку градење на емоционална писменост и примена на менторски стилови.
Во рамките на овој модул, Верита Акташ, ја одржа обуката „Емоционална интелигенција и тренинг вештини за ментори“, на која учесниците работеа на теми што се дел од секојдневието на секој менаџер и тоа: како личните емоции влијаат врз начинот на кој комуницираме и носиме одлуки, како се препознава она што се случува во тимот и како се води разговор со цел развој на вработениот.
Еден од главните фокуси беше емоционалната писменост. Притоа учесниците истражуваа како тие влијаат врз односите, врз реакциите при работа под притисок, врз комуникацијата и на крајот, врз начинот на кој се водат луѓето, наместо досегашното сфаќање дека емоциите треба да останат надвор од работното место. Вториот дел беше посветен на менторството како пристап во развојот на луѓето.
Преку активно слушање, поставување на отворени прашања и ненаметливо насочување на вработениот кон самостојно наоѓање на решение и нови идеи, лидерите се стекнаа со нова алатка за развивање на потенцијалите на својот тим.
Преку GROW моделот, учесниците вежбаа како разговорот 1 на 1 со член на својот тим може да се помести од: „Еве што треба да направиш“ кон: „Како ти самиот да дојдеш до нови идеи, предлози и пристапи кон секојдневното работење?“.
Токму тоа е и идејата на Flex Group Leadership Academy - лидерството да се развива континуирано, преку знаења и вештини применливи во секојдневната работа затоа што доброто водење, не значи секогаш да го имаш одговорот, туку да знаеш да слушаш и да го поставиш вистинското прашање.
Комерцијален текст
Ново на Сител
-

Велешанец се степал со 79-годишен дедо во угостителски објект во скопски Карпош
-

Скопјанка пријавена за закани кон поранешната шефица, оштетила врата од фирма и истурила запалива течност
-

Истите двајца за пет дена три пати нападнале малолетници во Штип, еден од нападите го снимале со телефон
-

Потрошувачката кошница над 58.000 денари, синдикатите против скратување на празниците
-

Утре дожд и силен ветер, нови врнежи се најавуваат и за викендот
-

18-годишниот Огнен кој пронајде и врати 4.000 евра доби плакета од градоначалникот на Делчево
-

Од четврток личната карта и возачката дозвола на мобилен
-

Бензинот поевтинува, дизелот останува ист - нови цени на горивата од полноќ
