-->
-->
Од Мосул дневно бегаат по околу 2.000 луѓе
-->
Ирачкиот разузнавачки офицер Калид Џабури, кој врши надзор на контролен пункт во Мосул, изјави дека во текот на минатата недела низ тој пункт минувале по околу 2.000 луѓе дневно бегајќи од ИД.
Џабури вели дека осомничени за врски со таа џихадистичка група се држат во напуштен луна-парк покрај напуштен хотел на исток во градот.
ОН соопштија дека бројот на бегалци е меѓу 2.000 и 3.500 секој ден.
Ирачките сили се приближуваат до последните места под контрола на ИД во Стариот град на Мосул што е подрачје помало од еден квадратен километар. Според ОН, битката за Мосул трае речиси девет месеци и за тоа време раселени се повеќе од 890 илјади луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор