Од отворањето на градинките досега регистрирани 15 случаи на коронавирус кај деца и 44 кај вработени
Од отворањето на градинките на 9 септември до денеска во градинките биле регистрирани 15 деца и 44 вработени позитивни на коронавирус. Во моментов 44 вработени и околу 190 деца се во изолација, информира денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.
Според информаците од епидемиолозите децата инфекцијата не ја стекнале туку ја носат од своите домови.
-Здравствената состојба на сите нив е добра. Голем дел од нив се излезени од изолација, голем дел и од воспитувачите и негувателите завршиле со изолација и се враќаат на своите работни места, рече министерката.
Таа додаде дека Владата и надлежните институции будно ја следат состојбата, бидејќи како што рече здравсјето на сите гражани во моментов е нивен приоритет.
Одговарајќи на новинарско прашање за информации за заболени вработени во градинки во општините Ѓорче Петров и Карпош и голем број деца во изолација, министерката Шахпаска рече дека за тоа кој ќе оди во изолација по регистриран случај на позитивен на коронавирус одлучуваат епидемиолозите врз основа на епидемиолошка анкета.
-Не е изненадувачки доколку некој воспитувач или негувател е позитивен во изолација да одат и цели групи до 15 деца, бидејќи во групите од три до шест години има до 15 деца, рече министерката.
Во врска со информациите за позитивни случаи на вработени и поголем број деца во изолација во градинката Росица во Карпош Шахпаска појасни дека тоа е градика со три објекти и бројката од 44 изолирани деца е вкупна бројка од трите различни објекти.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова не кажа „Северна“ при заклетвата во Собрание
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски
-
Грчката амбасадорка Филипиду ja напушти седницата, Силјановска-Давкова во заклетвата користеше Македонија
-
Маж со автомобил прегазил жена во Чаир
-
Украдени документи и компјутери од Управата за матични книги во Прилеп
-
Струмица: „Фиат“ удрил во електричен тротинет, повредено едно лице
-
Приведен бегалец од затвор баран со потерница
-
Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња