Од полноќ бензините поскапи за половина, а дизелот за еден денар

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина денар, а на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за еден денар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ).
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува за 0,637 ден./кг и сега ќе изнесува 34,520 ден./кг.
Од поноќ бензинот „евросупер БС-95“ ќе се продава за 73,50 денари/литар, „евросупер БС-98“ - 75,50 денари/литар, дизел-горивото 69,00 денари/литар, маслото за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 денари/литар, и мазутот 34,520 (денари/килограм).
Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати и оти трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ не учествува на комисијата за новиот заем од 260 милиони евра
-

Собраниска дебата за европската интеграција на Македонија
-

Сали: Реформите ќе се спроведуваат со уште позасилено темпо
-

ВМРО-ДПМНЕ: Приговорот на ЕСМ е доказ дека Коларевиќ и Абази постапиле непрофесионално
-

Во младите е клучот за развој на турзимот
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре во 11 часот собраниска седница за заемот од 260 милиони евра
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
