Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните
цени на нафтените деривати во просек за 2,79% во однос на одлуката од 4.12.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 6,306%, кај дизелот за 5,591%, кај екстра лесното масло за 5,787% и кај мазутот намалувањето е за 5,969%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,153%
Од 12.12.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 76,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 78,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 40,572 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ
(Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,514 ден/кг и сега ќе изнесува 40,572 ден/кг.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 12.12.2023 година.
Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат
цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија
Ново на Сител
-
Ќе се откочи ли македонскиот евроинтегративен пат со новата бугарска влада?
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Македонија во Бугарија
-
Македонски навивачи држени четири и пол часа на хрватска граница, се барале знамиња со сонцето од Кутлеш
-
Бугарија доби нова влада – Росен Жељазков избран за премиер
-
Владата го поздравува изборот на нова влада во Софија, но со резерва за можен напредок во разговорите
-
Интерпелацијата даде резултат – Илире Даути си поднесе оставка
-
Деветгодишно дете почина на клиниката за детски болести – Било донесено од штипската болница во многу тешка состојба
-
ИЈЗ: За една недела трипати повеќе болни од грип