Од полноќ нови цени на горивата

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивото се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,66, односно за 0,28 отсто.
Новата малопродажна цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 71 денар за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 72,5 денари. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 63 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува иста, односно 51,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,598 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 33,053 денари.
Како причина за промената на цените на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за четири отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 3,03 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.
Ново на Сител
-

Митровденска задушница - спомен за починатите
-

Уапсен вооружен маж во близина на Белата куќа: Тврдел дека гласови му наредиле да го убие Трамп
-

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна - гордоста на Скопје во полн сјај
-

Русија со нови ракетни напади врз Киев, одекнаа десетици експлозии
-

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд
-

ЕК почна преговори за вклучување на Западен Балкан во европската шема „Роаминг како дома“
-

Облачно со сончеви периоди и северен ветер
-

Хакиран мејлот на министерот за здравство на Грција – во негово име „нарачале“ 200 луксузни автомобили и 25 оружја
