Од полноќ повисоки цени на нафтените деривати

Нафтените деривати од ноќеска по полноќ се зголемуваат од половина до денар иполовина, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Според одлуката на Регулаторната комисија, цената на Еуросупер БС-98 се зголемува за 0,50 денари за литар и неговата нова цена ќе биде 63,50 денари за литар.
За еден денар поскапо ќе се продава Еуросупер БС-95 и Екстра лесното масло. Така, малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 62 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 48,50 ден/лит.
Дизелот се зголемува за 1,50 ден/лит во однос на цената утврдена пред две недели што значи дека од полноќ новата цена на дизелот ќе биде 60 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,599 ден/кг и ќе изнесува 31,121
ден/кг.
Зголемувањето на цените на нафтените деривати се должи на покачената цена на суровата нафта на светските пазари и на повисокиот курс на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-дневен период.
Ново на Сител
-

Трамп: Илјадници ракети се насочени кон Иран во случај на обид за атентат врз мене
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
-

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе
-

Зеленски формира посебна команда за длабоки напади врз Русија
-

Во Сребреница ќе биде одбележана 31-годишнината од геноцидот над Бошњаците
-

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид
-

Стабилно и топло време, утре услови за локална нестабилност
