Од понеделник ќе возиме поскап бензин
Американската лесна нафта вчера на берзата во Њујорк поскапи за повеќе од половина долар на 45,31 долари за еден барел.
Северноморската нафта од типот „брент“ која се увезува во Македонија вчера на берзата во Лондон исто така регистрираше поскапување и тоа за 37 центи за еден барел на 48,06 долари.
Пазарите минатата недела ги разниша веста дека клучниот показател за економската активност на Кина падна на најниско ниво во последните шести ипол години што е најнов знак за забавување на растот и на другите економии во светот.
Но за возачите тоа и не е така лопа вест, особено ако се има предвид дека влијае на намалување на цената на горивата во малопродажбата.
Сепак, и понеделничката цена е за скоро 0,7 долари повисока од просечната врз основа на која Регулаторната комисија за енергетика ги формираше малопродажните цени минатиот понеделник.
Лоша вест е и движењето на курсот на доларот во однос на денарот.
Во такви околности, мала корекција на цените во нагорна линија во понеделник не би требало да биде изненадување. Доколку се задржи овој тренд можеме да очекуваме поскапување на горивата за сума меѓу половина и денар и половина по литар.
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени