Од понеделник се отвораат училиштата во Србија
На седница на Кризниот штаб во Србија одлучено е децата да се вратат во училиштата.
Според епидемиологот Предраг Кон ситуацијата повеќе не е вонредна.
Како поддршка на туризмот донесена е одлука цената на ПЦР тестовите да се изедначи за домашните граѓани и за странските туристи.
Тој рече дека одлучено е да почнат подготовките за Белградсиот маратон во јуни.
„За останатото ќе видиме, зависи директно од ситуацијата. Што се однесува на другите мерки нема никакви промени. Останува како што беше и до сега“, рече Кон.
Потстеи дека зголемен е бројот на отпуштени од болниците ширум Србија во однос на бројот на приеми, дека ситуацијата не е повеќе вонредна, но и понатаму е неповолна.
Се зависи од луѓето за тоа со која брзина ќе баѓа бројот новозаразени, а дека така автоматски доаѓа до попуштање на мерките.
Целта е да се дојде до 3,5 милиони двапати вакцинирани, а дека бројот на оние кои примиле втора доза засега изнесува 1,2 милиони.
Остана да се попуштат мерките кои се на сила за отворање на внатрешноста на угостителските објекти, кафулињата и рестораните во трговските центри и враќање на основците и средношколците на настава со физичко присуство, кои се онлајн речиси еден месец.
Според податоците од средата во 15 ласот, во Србија се регистрирани 3.154 новозаразени, починаа 38 пациенти, а на респиратори се 247 заболени.
Ново на Сител
-
Почнува контрола на сите ноќни клубови
-
Бектеши сеуште во полициска станица
-
Одредени мерки притвор за осомничените
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Демолирана општинската зграда на Кочани, граѓани фрлаа со камења и јајца
-
Градоначалникот на Кочани си даде оставка
-
Демолирана општинската зграда на Кочани, граѓани фрлаа со камења и јајца
-
Студентите оддадоа почит на загинатите во дискотеката Пулс во Кочани, за влакно спречен инцидент