-->
-->
Од пратка со хемикалии затруени 60 вработени во шпедитерска фирма во Турција
-->

Шеесет вработени во една шпедиторска фирма во Турција се затруле од пратка со хемиската материја денатониум бензоат, примена во дистрибутивниот центар на компанијата, информира електронското издание на весникот „Туркие“.
Инцидентот се случил во округот Коџаели во северозападна Турција.
При преместување на пратката дошло до распаѓање на пакетот и распрскување на материјата наоколу.
Работниците добиле симптоми на затруеност - повраќање, гадење, печење во грлото и очите. Тие биле примени во одделението за итна помош на локалната болница, кое е ставено под карантин. Пред тоа сите минале низ просторија за чистење.
Другите полесно заболени не биле примени во одделението во кое дежураат полициски екипи.
Полицијата отворила истрага за инцидентот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
