Македонија
6. October 2016 - 14:23

Од сеф во банка на ресенчанец му недостасуваат 129.400 франци

Ресенчанецот К.Ш. (51) вчера во полицијата пријавил дека од изнајмен сеф во Комерцијална банка во Битола му недостасуваат 129.400 швајцарски франци.

МВР соопшти дека К.Ш. последен пат сефот го отворил на 5 август годинава. При извршениот увид во сефот во присуство на оштетениот, службени лица од Комерцијална банка, пронајдени биле 70.600 франци и 250.000 денари за кој К.Ш. тврди дека не биле негови.

Со стореното дело непознатиот сторителот се стекнал со противправна имотна корист во вредност од околу 7.246.400 денари.