Од урнатините на зградата во Индија досега извлечени 20 мртви тела
Уште тела се извлечени од под урнатините на зградата во близина на главниот индиски финансиски центар Мумбаи, со што вкупниот број на загинати денеска се зголеми на 20, соопшти локалната полиција, пренесе ДПА.
Трикатната станбена зграда во густо населената населба Биванди се урна вчераутро, додека повеќето станари се уште спиеле. Проценките се, наведува ДПА, дека во време на колапсот во зградата имало повеќе од 60 станари.
-Меѓу загинатите има девет деца, изјави претставникот на локалната полиција, Малоји Шинде.
Спасувачката операција продолжуваа со помош на Националните сили за помош при катастрофи (НДРФ).
-Најмалку уште 20 лица е можно се уште да се наоѓаат заробени во урнатините, изјави официјален претставник на НДРФ, цитиран од весникот „Хиндустан Тајмс“.Локалната полиција соопшти дека зградата била стара над 35 години и имала потреба од поправки, но дека жителите не ја испразниле и покрај тоа што тоа им било побарано.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
