Од утре нови цени на горивата во Македонија

Бензините пред две недели со последната одлука на Регулаторната Комисија за енергетика поевтинија за три денари, а цената на дизел горивата се намали за два денара по литар. Со одлуката се изврши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати за 6,71, односно 4,38 отсто.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63, а на ЕУРОСУПЕР БС-98, 65 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ-V) се продава за 49, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 37,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 1,145 денари за килограм се намали и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и изнесува 25,252 денари за килограм.
Како причина за намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 5,45 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 2,2 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.
Овој понеделник не чека нова цена на горивата. Останува да видиме каква одлука ќе донесе РКЕ.
Ново на Сител
-

Собранието го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Собранието го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Владата се откажува од намерата да купи нов авион
-

Први притвори во Македонија за петте тони марихуана фатена во Србија
-

Дисквалификуваниот Панчевски поднесе кривична до Советот на јавни обвинители
-

Судење за оддавање службена тајна: Димитровска тврди, случајот е последица на ревизорскиот извештај за СЈО
-

Состојбата во ЈСП Скопје е алармантна, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации
