Од утре нови правила за влез во Германија
Германците што се враќаат од летните одмори во странство од утре ќе се соочат со нови правила за тестирање на коронавирус, информира министерот за здравство Јенс Шпан, пренесува ДПА.
– Сите невакцинирани луѓе што влегуваат во Германија ќе треба да направат тест, без разлика дали пристигнуваат со авион, копно или железница – рече Шпан.
Се очекува кабинетот во текот на денот да ја одобри мерката, како и ажурираната листа на ризични региони во целиот свет.
Мерката ќе влијае особено на постарите деца, од кои многумина се уште го немаат завршено циклусот на вакцинација.
Од утре, секој на возраст над 12 години ќе мора да може да покаже дека ризикот од пренесување на инфекцијата е низок – со потврда дека се вакцинирани, дека биле болни или имале негативен тест.
Овие правила се веќе во сила за патниците кои користат авионски сообраќај.
Ново на Сител
-
Синдикатите и работодавачите со различни ставови за „недела неработен ден“
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија и труд
-
Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница
-
По повод 45 години Пекабеско ќе донира 30.000 евра за најмладите
-
Последни пратенички прашања за годинава
-
Собранието на чекор до разрешување на членови на Судски совет
-
Дали има судир на интерес во одлуката на Антикорупциска за назначувањето на Бојан Христовски во АНБ?
-
Етнички права во правна држава