Од утре облачно со дожд, за викендот посвежо со дожд и ветер
Времето утре ќе биде облачно и посвежо, почнувајќи од северните и северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд кои во текот на денот ќе се прошират насекаде. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови, каде се очекува да наврнат над 20 литри на метар квадратен. На некои места врнежите ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи.
Претпладне ќе дува слаб до умерен јужен, а попладне и кон крајот на денот засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието.
Во Скопје облачно, уште од претпладне со врнежи од дожд. Попладне ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Како што соопшти УХМР, преодно стабилизирање на времето ќе има в четврток. Од петок попладне под влијание на нов влажен и постуден бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. В петок и сабота ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец.
До крајот на неделата минималната температура ќе биде во интервал од нула до 12 степени, а максималната од 12 до 19 степени.
Ново на Сител
-

Франција регистрираше над 5.700 дополнителни смртни случаи за време на јунскиот топлотен бран
-

Ветерот го однесе знамето на Македонија од јарболот во центарот на Куманово, ќе биде поставено ново
-

Просечната нето плата во мај 49.544 денари
-

Сопственик на ресторан со две „Мишелин ѕвезди“ во Јужна Кореја се соочува со затвор оти послужувал мравки во десерт
-

ЕВН Македонија: Невремето ја оштети и дистрибутивната мрежа, 90 отсто од дефектите се санирани
-

Герасимовски: Кризниот штаб на Центар со итни мерки, се вклучуваат и куќните совети, теренските екипи работат во повеќе смени
-

Клиничка болница-Штип: Пациентите со скршеници од источниот регион да се транспортираат во другите болници
-

62-годишник силувал девојче кое не наполнило 15 години во Струмица
