Од утре почнува етапната исплата на октомвриските пензии
Oд утре почнува етапната исплата на октомвриските пензии. Министерството за труд и социјожи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.ална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозмoзможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата и тоа во вторник исплата на пензии со висина до 11.000 денари, во среда исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари, во четврток исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари и во петок исплата на пензии во висина над 18.000 денари.
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од вторник 28 октомври. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.
Етапното процесирање на пензиите, според МТСП, ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.
-Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје, велат од МТСП.
Од Министерството потсетуваат на обврската за носење лична заштитна опрема што ги покрива пределот на носот и устата како и на држење растојание при чекање ред пред и внатре во банките.
Ново на Сител
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
-

Филипче најавува блокада на Законот за Скопје - Европска престолнина, Мицкоски вели ќе има јавна дебата
-

Таргетирана помош за најранливите наместо замрзнување на цените за сите, предлага ССК
