Балкан
12. April 2022 - 19:33

Од утре за влез во Бугарија не е потребен дигитален ковид сертификат за лицата од Македонија

Лицата кои пристигнуваат од Македонија, Турција, Романија, Србија, Унгарија, Полска, Чешката Република, Словачка, Израел и Египет од утре при влез во Бугарија веќе не се обврзани да поседуваат дигитален Ковид сертификат.

Одлуката ја донесе бугарската министерка за здравство Шербезова, со наредба издадена денеска.