Од вкупно 1955 активни ковид случаи во Скопје 1066, ниту еден во Дојран и Македонски Брод
Продолжува намалувањето на активните ковид случаи во државава чиј број, како што информираа вчера од Министерството за здравство, изнесува 1.955, од кои најголем број – 1.066 се во Скопје. Македонски Брод и Дојран се без ниту еден активен случај.
Според податоците на Министерството за здравство, во земјава вчера се евидентирани нови 324 случаи на КОВИД-19, од направени 2.290 тестови. Пријавено е едно починато лице во изминатите 24 часа, а две лица во периодот од 4 и 5 март преку Регистарот на умрени лица од КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни (324), регистрирани се 49 реинфекциии.
Од почетокот на пандемијата, вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава достигна 302 548. Оздравени се 291 431 пациент, а битката со вирусот ја изгубиле 9.162 лица.

Се очекува Кризниот штаб и Владата да се изјаснат за ковид-мерки што ги предложи завчера Комисијата за заразни болести – учениците од основните училишта да бидат ослободени од носењето маски, капацитетот на исполнетост на затворени објекти – опери, театри, кина да се зголеми од 50 на 75 проценти и да се укинат сертификатите за престој во отворениот дел од угостителските објекти. Обврската за носење маска во училиштата, според предлогот, останува на наставниците, професорите и техничкиот персонал.
Светската здравствена организација, пак, вчера изрази тревога за зголемените инфекции со Ковид-19 на глобално ниво, и покрај падот на нивоата на тестирање.
Раководителот на стратегијата за вакцини на Европската агенција за лекови Марко Кавалери оцени дека укинувањето на правилата за коронавирус во многу земји можеби имало улога во сегашниот пораст на случаите.
– Забележуваме дека стапките на инфекција повторно се зголемуваат во некои земји-членки по постојаното намалување на кое бевме сведоци во изминатите неколку недели, изјави Кавалери.
Во Грција има пораст на новите случаи на Ковид-19, а според министерот за здравство Танос Плеврис, причина се доминацијата на подваријантата на Омикрон и укинатите мерки во ноќниот живот.
Плеврис изјави дека и покрај зголемувањето, не се забележува притисок врз здравствениот систем
– Сакам да бидам внимателен. Пандемијата не е завршена, но сигурно во однос на заболувањата има карактеристики што нè прават да бидеме пооптимисти, рече Плеврис.
Како што соопшти СЗО, поради војната меѓу Русија и Украина, процесот на евалуација на руската вакцина против коронавирус Спутник В е пролонгиран. Експертскиот советник Марианџела Симао изјави вчера во Женева дека експертскиот тим на СЗО требаше да отпатува во Русија на 7 март поради процесот на евалуација и донесување одлука за одобрување на употребата на Спутник В во итни случаи, но дека процесот е пролонгиран поради моменталната состојба во регионот.
Ново на Сител
-

MЗ: Спасен живот на пациент со трансплантација на црн дроб и подобрен квалитет на живот кај пациентка со трансплантиран бубрег
-

Славески на средба со заменик-генералниот директор на ММФ Бо Ли: Потврдена силна поддршка за независноста на централните банки
-

Заврши состанокот на Трамп со советниците за новата блокада на Ормуската теснина
-

Најстудено изутринава во Берово минус еден степен, највисока температура во Скопје и Велес - осум степени
-

Трамп: Иранците одиграа мала игра, но многу добри разговори се во тек
-

МВР и ТАВ Македонија: Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани
-

Папата Лав Четиринаесетти го ублажува спорот со Трамп, тврди дека наводите за неговите изјави се неточни
-

Сибиха: Зеленски е подготвен за средба со Путин
