Од задутре ладни проби на грејниот систем на „Балкан енерџи“

Компанијата за дистрибуција на топлина „Балкан енерџи“ најави дека од задутре започнува со секојдневни ладни проби на системот за топлинска енергија. Целта на ладните проби е да се подготви и провери целосно системот за топлинска енергија за претстојната грејна сезона.
- Имајќи предвид дека доколку се случи пад на температурите грејната сезона може да започне порано од 15 октомври, проверката на системот преку ладните проби ќе овозможи навремено отстранување на сите евентуални пречки што ќе се појават во текот на овие проверки, соопштија денеска од Балкан енерџи од каде посочија на последните податоци за временската прогноза според кои во текот на следната недела се очекува значаен пад на температурата.
За успешна подготовка на системот и навремена испорака на топлинска енергија, Балкан енерџи ги повикува потрошувачите навреме да ги завршат започнатите интервенции во внатрешната инсталација, да обезбедат непречен пристап за екипите на компанијата до топлинските станици и постојано напојување со електрична енергија на топлинските станици, со што ќе се овозможи нивно непречено функционирање.
За информирање или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават на телефонскиот број (02/3076-200), или да ја посетат веб страницата: www.poplaki.beg-distribucija.
- Соработката од страна на потрошувачите е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија. Иако бројот на објекти чии топлински станици не се ставени во работна состојба е намален во споредба со минатата година, поддршката од потрошувачите за ставање во функција на сите објекти дополнително ќе придонесе за квалитетот на снабдувањето со топлинска енергија, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Набргу во Скопје прв состанок со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган
-

Почната е постапка за јавна набавка за чартер летови за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток
-

Три случаи на врсничко насилство евидентира кумановската полиција во еден ден
-

Кривична пријава за повеќе лица и две фирми од Гостивар, граделе без дозвола и фалисификувале документи
-

Досега 632 македонски државјани побарале евакуација, дел ќе се враќаат со чартер летови, дел со владиниот авион
-

Утре облачно со локален дожд, а потоа сончево и топло до 18 степени
-

44-годишник загина откако со возилото излетал од патот на обиколницата Скопје - Тетово
-

Голем пожар во познатиот штипски ресторан „Мал одмор“ | ВИДЕО
