Од заостанати мини загинале 177, а повредени се 500 Косовци

Од експлозија на заостанати мини од косовската војна, животот го загубиле 177, а повредени се најмалку 500 косовски граѓани.
Од компанијата за деминирање потврдуваат дека иако многу зони се исчистени од мините, на терторијата на Косово се уште има над 100 такви зони. Најризични и понатаму се оние на границата со Албанија и со Македонија.
- Оваа компанија при чисењето на минираните зони, открила и деминирала околу 90 илјади експлозивни направи. Регионот на Хан Елези е позната како една од зоните со најмногу неексплодирани мини. Од март до сега, во овој регион, од мини, исчистени се над шест илјади квадратни метри и открени четири нексплодирани мини,-јави косовската телевизија.
Косовските безбедносни сили од 2010 година исчистиле милион квадратни метри и деминирале 2.177 разни есплозивни направи, додека екипи на ЕОД интервенирале во 2.136 случаи и деминирале 3.150 разни експлозивни направи.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
-

Груби обвинет за дело со пет години затвор, истрагата го сомничеше за проневера со казна до 20 години
